7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице)
Не оставате тоалетна хартија во тоалетот
Ако сте ја потрошиле тоалетната хартија или ролната е пред крај, заменете ја со нова.
Дури и да имате тоалетна хартија на видно место, непријатно е гостинот сам да ја вади и да ја мести.
Или уште полошо, да не може да ја најде, па да мора да ве вика додека е во тоалетот.
Барате помош додека готвите
Колку и да ви се гостите блиски, тие дошле да ве видат вас, да се забавувате, да разговарате, а не да готвите заедно (освен ако не сте се договориле поинаку).
Никој не сака да лупи кромид во туѓа кујна додека пие кафе и разговара за интересни работи од секојдневието.
Завршете со готвењето пред да дојдат гостите.
А ако не сте готови – вие гответе додека тие ве гледаат и уживат во разговорот и својот пијалак.
Ги „криете“ слатките што ви ги донеле гостите
Ако некој ви донесе колачи или торта, наместо да ги „скриете“ во фрижидерот, извадете ги на масата, за да можат да пробаат и тие што ви ги донеле.
А. Ј. | Црнобело