Со коцки до ручек
Изгледа во денешно време нема нешто што не може да се продаде. Или сите добри идеи се потрошија (се надеваме не!) или купувачите одамна...
...престанаа да се прашуваат „А што ќе ми е ова?“.
Меѓу илјадниците непотребни дрангулии на кои може да си ги потрошите парите се појавија и коцките што ќе одлучуваат што да зготвите!
Произведувачите на генијалните коцки им предвиделе употреба само во оваа ситуација. Многу биле скромни.
Еве ние ќе им подариме уште неколку: Гладен си, ама те мрзи да размислуваш што да јадеш? На пазар си и не знаеш како да одлучиш што да купиш? Во ресторан си и не знаеш да го прочиташ менито? Само сврти ги коцките и покажи му ги сликичките на келнерот!
Ако ве заинтересира „играва“ добро е да знаете дека може да нарачате сет со месни производи и посебен за вегетаријанци. Се сетиле на тоа, а не се сетиле да кажат дека со коцките може да се занимаваат децата кога ви прават друштво додека готвите (што е и нивната единствена разумна употреба).
Но, коцките се пред сѐ наменети за американскиот пазар, па несомнено добро ќе се продаваат. А и што се $20 долари во денешно време :)
Туку, одлучивте што ќе ручате денес?