13 важни правила што треба да ги имате на ум пред да отпатувате во друга земја
Во Египет не носете влечки, а во Мексико не влегувајте во тоалетите означени со буквата „М“ ако сте маж... Кои се некои од правилата што треба да ги имате на ум пред да заминете на патување, а сигурно не сте размислувале за нив?
Оние што сакаат да патуваат знаат дека речиси секоја држава си има свои непишани правила до кои треба да се придржувате.
Кои правила е добро да ги знаете пред да заминете во друга држава?
Кога одите во Јапонија секогаш следете апликација за навигација и излезете порано
Мошне е важно да се запознаете со оние работи што ја прават посебна земјата што ја посетувате, а ако планирате да ја посетите Јапонија, тогаш треба да знаете дека градовите таму понекогаш знаат да наликуваат на лавиринт.
Голем број од објектите што сакате да ги посетите може да се скриени или да бидат под земја.
Затоа најдобро е да користите апликација за навигација, а ако треба да се сретнете со некого, излезете порано затоа што не знаете колку време ќе ви треба за да го најдете објектот.
Во Германија не ги ставајте рацете во џеб
Германците сметаат дека е мошне некултурно да ги држите рацете во џеб додека разговарате со некого.
Дополнително, ако сте на забава или на вечера, рацете не треба да ги ставате на колениците, туку тие треба секогаш да бидат на маса.
Во Чиле се јаде само со прибор за јадење
Чилеанците се мошне гостопримлив народ и лесно се спријателуваат. Но, ако некој од локалното население ве покани на вечера, треба да запомните дека таму сѐ освен леб се јаде со прибор за јадење.
Дури и пицата и пржените компирчиња треба да ги консумирате со помош на нож и виљушка.
Не фрлајте ништо во WC школката
Ако влезете во јавен тоалет и забележите дека има корпа за отпадоци до WC школката тоа значи дека ништо не смее да се фрла во школката.
Честопати вакви тоалети можете да видите во Грција, Турција и други земји на Балканот и во Европа.
Фрлањето хартија и слично може да предизвика затнување на системот за канализација и поплава.
Каде и да одите, внимавајте на луѓето што ненадејно ви приоѓаат
Во голем број земји постојат предупредувања за измамници што имаат за цел да ги ограбат туристите, а многу често може да се случи некој непознат човек да ви пријде и да ве праша дали сте го загубиле паричникот.
На овој начин, тој ве наведува веднаш да почнете да пребарувате и да му покажете каде го чувате паричникот. Голема е веројатноста дека ова се луѓе што сакаат да ве ограбат.
Нема допирања со припадници на спротивниот пол во Индија
Допирите меѓу припадници на истиот пол во Индија се нормални, но допирите меѓу припадници на спротивен пол не се пожелни.
Не само што не смеете да се прегрнувате и да се бакнувате – луѓето ќе ве гледаат чудно и ако само се држите за рака.