13 важни правила што треба да ги имате на ум пред да отпатувате во друга земја
Внимавајте со кинеските стапчиња
Во Кина, стапчињата не се обичен предмет, па затоа не смеете да се однесувате на начин со којшто ќе ја намалите нивната важност.
Заборавете на гестикулации, игра, правење фризури и тропкање со нив.
Исто така, откако ќе завршите со оброкот не ги ставајте стапчињата во чинијата, туку врз неа.
Не купувајте камчиња и фосили во Турција
На пазарите низ Турција може да најдете продавачи што нудат камчиња и фосили, но пред да побрзате и да купите како сувенири, запомнете дека тие во земјата се сметаат за културно наследство и нивното изнесување надвор од границите се смета за илегално.
Во Мексико мажите не одат во тоалетот означен со буквата „М“
Во Мексико тоалетите означени со буквата „М“ се наменети за жени. Имено, шпанскиот збор за „жени“ започнува со буквата „М“ (mujeres).
Ако сте маж, тогаш треба да го побарате тоалетот означен со буквата „H“ (hombres).
Во Хрватска секогаш носете пари во кеш
Иако сѐ повеќе луѓе се навикнуваат на употребата на банкарски картички, во некои земји, како Хрватска употребата на кеш е сосема нормална и прифатена.
Во некои ресторани и продавачите на сувенири сѐ уште наплаќаат само со кеш, па затоа е добро да се обезбедите со пари за да не се најдете во непријатна ситуација.
Во Тајланд задолжително соблекувајте ги чевлите
Во Тајланд стапалата се сметаат за највалкан дел од телото. Затоа бидете подготвени да ги соблечете чевлите пред да влезете во спа-центар, храм или кај некого дома.
Пред да отпатувате во земјата обезбедете се со чевли што лесно се облекуваат и се соблекуваат.
Ви Куба секогаш носете тоалетна хартија со себе
Во јавните тоалети во Куба нема тоалетна хартија, па затоа добро би било со себе секогаш да си носите своја ролна.
Во Египет не се шетајте со влечки
Иако ви се чини дека во Египет би било добро да носите отворени чевли и влечки, затоа што ќе се чувствувате поудобно и нема да ви биде жешко, тоа не е најпаметно.
Запомнете дека Египет е преполн со прашина и потребни ви се затворени чевли за нозете да не ви бидат постојано валкани и полни со песок.
Б. С. Б. | Црнобело