7 Лекции кои не се учат во училиште
„Секогаш очекувајте го неочекуваното“ и „бидете искрени кон себе“, се само некои од вистините за кои не сме учеле на училиште. Да ги прифатите...
...овие факти значи да признаете дека се во животот се менува. Чувајте ги пријателите. Вистински пријатели тешко се наоѓаат. Кога ќе ги најдете, негувајте го тој однос.
Пријателите се како семејство и вистинска потпора во тешките моменти.
Искреност
Вистинската работа која треба да се совлада е: „секогаш биди искрен со себе – и со другите“.
Искреноста подразбира многу ризици. Таа значи и бескомпромисно соочување со себе – сопствениот карактер, однесување, доблести и мани. Ако чесноста ја проширите на луѓето околу вас, ќе станете човек кого го ценат поради интегритетот. Оние што се држат до тие начела, секогаш можат да одат со крената глава. Тоа чувство на морална вредност е од голема помош во животот.
Подгответе се за изненадувања
Очекувајте го неочекуваното во животот. Животот ретко „тече“ мазно. Работите тргнуваат наопаку, плановите се изјаловуваат, а неправдата е честа појава. Сепак, прифатете ја оваа клучна лекција и бидете свесни дека животот постојано се менува. Издржете кога ќе имате проблеми, но и бескрајно уживајте во убавите моменти кои го сочинуваат животот.
Правете го она што го сакате
Пронајдете работа која ја сакате. Сите сакаат добра плата, но тоа не смее да биде единствениот критериум за одбирање на професија. Да работите работа која не ја сакате е исто како да се будите секое утро покрај партнер кого не го сакате.
Учењето е поважно од оценката
Оценките и наградите всушност и не се така важни, истакнуваат психолозите. Поважни се процесот на учење и начинот на кој сте ги постигнале.
Трошете онолку колку што заработувате
Избегнувајте долгови и не трошете повеќе одошто заработувате. Тоа е важна животна лекција. Треба доста труд за да се совлада, но подоцна следи безгрижен живот.
За сè што вреди, потребен е труд
Светот ништо не ви должи или немате „наследeно“ право на работа од соништата, куќичка во цвеќе и згоден маж/жена. За сето тоа ќе мора да се потрудите.
Никогаш не се откажувајте од љубовта
Љубовта не е секогаш во комшии. Понекогаш требаат многу обиди за да се пронајде некој што ве разбира, одушевува, смее и со кого можеме да бидеме апсолутно свои.