„Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми“ - Психолошки трикови кои секој треба да ги прочита
Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми. Ако се фокусираш на можностите, тогаш ќе имаш повеќе можности.
Некогаш губиме фокус и забораваме на некои основни работи во животот.
Моќта на психата е огромна, па ајде да се потсетиме на некои клучни психолошки начела:
1. Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми. Ако се фокусираш на можностите, тогаш ќе имаш повеќе можности.
2. Без разлика колку и да боли, еден ден ќе се свртиш назад и ќе сфатиш дека твоите битки ти го промениле животот на подобро.
3. Никогаш не се плаши да пробуваш нови работи затоа што животот станува здодевен кога остануваш во рамките на границите на тоа што веќе го знаеш.
4. Никогаш не се откажувај од нешто кое навистина го сакаш. Тешко е да чекаш, но уште потешко е да се каеш.
5. Не сфаќај сè лично, не секој мисли за тебе, толку колку што ти мислиш за себе.
6. Секогаш има причина зошто среќаваш некои луѓе - или затоа што ти требаат за да ти го променат животот, или затоа што ти им требаш за да им го промениш нивниот.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com