Детален приказ: Како гледаат луѓето со разни проблеми со видот?
Сте се запрашале ли како гледаат луѓето кои имаат глауком или оние со некои видови далтонизам?
Проблемите со очите се релативно честа појава. Во некои случаи, како проблем со висок или низок диоптер, решение се очилата или контактните леќи.
Во некои случаи, очилата не помагаат.
Како гледаат луѓето со различни проблеми со видот?
Нормален вид
Видот на луѓе кои немаат проблеми со очите.
Глауком
Под глауком се подразбираат група болести кои го оштетуваат оптичкиот нерв. Лицата со глауком гледаат како низ тунел, сликата што ја гледаат има затемнети рабови.
Макуларна дегенерација
Ова е болест која го оштетува делот од окото познат како жолта дамка (или макула) кој го изострува видот.
Лицата со оваа болест гледаат темна дамка во центарот на сликата.
Тританопија
Тританопијата е вид слепило на боја. Односно, луѓето со овој вид далотнизам не ги разликуваат сината и жолтата боја.
Деутеранопија
И ова е вид далтонизам, а лицата со деутранопија ги гледаат боите побледи отколку што се. Кај овие луѓе окото не ги разликува црвената и зелената боја.
Монохромазија
Уште еден вид далтонизам, но овојпат лицата немаат никаква перцепција за боја и гледаат црно-бело.
Протанопија
Протанопијата е вид далтонизам поради кој не се перципира црвената боја.
Спирова С. | Црнобело