12 (сигурни) знаци дека сте ментално силна личност

Менталното здравје ви е високо на листатата со приоритети, па затоа ги избегнувате работите и луѓето што ви предизвикуваат стрес - што ве прави ментално силна личност?

12-znaci-deka-ste-mentalno-silna-lichnost-ne-gi-obvinuvate-drugite-pa-ni-roditelite-za-vashite-greshki-01.jpg

Секој од нас е силен кога ќе се соочи со голема мака, со пречка во животот или кога ќе треба да донесе некоја многу важна одлука.

Менталната сила не се гледа само во големите работи, туку и во ситниците кои се појавуваат на површина кога најмногу ви требаат.

Ова се 12-те знаци дека сте ментално силна личност:

1. Сфаќате дека животот е поисполнет ако не барате пофалба и потврда за својата вредност од никого.

2. Си ветувате на себе дека ќе престанете да пушите или да пиете алкохол и се придржувате до тоа.

3. Своите лични цели ги ставате пред моменталните задоволства и работите што ви го одвлекуваат вниманието, на пример видео игрички, пораки на телефонот, и слично.

4. Создавате здрави врски така што ги избегнувате токсичните личности.

5. Се дружите со луѓе кои имаат слични ставови и мислења како вас и кои ве поттикнуваат да растете и да се развивате на секое поле.

6. Имате позитивен поглед на светот и не дозволувате мислењето на другите да влијае на вас.

12-znaci-deka-ste-mentalno-silna-lichnost-ne-gi-obvinuvate-drugite-pa-ni-roditelite-za-vashite-greshki-02.jpg

7. Прифаќате дека вие самите сте виновни за грешките што ги правите во животот и не ги обвинувате другите за тоа (вклучувајќи ги и вашите родители).

8. Сами донесувате одлуки без да барате потврда од другите.

9. Работите на себе и својата лична надградба, па секој ден одвојувате барем 20 минути за читање.

10. Менталното здравје ви е високо на листатата со приоритети, па затоа ги избегнувате работите и луѓето што ви предизвикуваат стрес.

11. Барем неколкупати во седмицата вежбате за да си создадете здрави навики, но и за да ги прифатите физичките предизвици.

12. Создавате самодисциплина и конзистентност за да постигнете позитивна промена во животот.

Извор

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg