„Ти си предобра за мене“ - Како да познаете маж со ниска самодоверба?
Постојано ве критикуваат, песимисти се и честопати се љубоморни – како се однесуваат мажите со ниска самодоверба со нивните (потенцијални) партнерки?
Многу луѓе имаат ниска самодоверба, но ако се потрудат и поработат на овој проблем, можат и да го решат.
Сепак, некогаш луѓето со ниска самодоверба не ни признаваат дека се соочуваат со овој проблем, а ова, пак, ги прави проблематични партнери во врска.
8 знаци дека си имате работа со маж со ниска самодоверба:
Постојано се критикуваат
Сите треба да имаме доза самокритичност, но не треба постојано да се критикуваме и потценуваме.
Доста често мажите со ниска самодоверба се убедени дека не заслужуваат многу работи.
Можат да кажуваат работи како „Не ми се верува дека излезе со мене“ или „Ти си предобра за мене“.
Во некои ситуации, со овие фрази мажите пробуваат да изнудат комплимент, но многу почесто се знак за ниска самодоверба.
Премногу ве критикуваат вам
Додека некои луѓе со ниска самодоверба се критикуваат сами, некои ги критикуваат другите.
Со ова тие пробуваат да ја скријат нивната несигурност.
Па, ако мажот постојано ви дава критики, без разлика дали за изгледот, вашата омилена серија или што било друго, најверојатно има ниска самодоверба.
Перфекционисти се
Луѓето кои имаат потреба другите да ги перципираат како совршени, неретко имаат проблеми со ниска самодоверба.
Истовремено, тие очекуваат и другите да бидат совршени.
Но, проблемот е што самите се далеку од тој перфекционизам, но живеат во заблуда.
Песимисти се
Луѓето кои се сигурни во себе, генерално ја гледаат позитивната страна на работите.
Од друга страна, оние кои се вечни песимисти генерално имаат и проблеми со ниска самодоверба.
Љубоморни се
Поради несигурноста, мажите со ниска самодоверба честопати стравуваат дека ќе ја изгубат партнерката или дека ќе ги остави за некој подобар од нив.
Поради ова, љубоморните испади можат да бидат честа појава, дури и кога нема никаква причина за нив.
Посесивни се
Повторно од страв дека ќе ја изгубат партнерката, мажите со ниска самодоверба настојуваат да бидат посесивни.
Сакаат постојано да бидат со партнерката и одат дотаму што ѝ се лутат ако таа минува време со пријатели.
Не признаваат вина
Луѓето кои немаат проблеми со ниска самодоверба признаваат кога ќе погрешат и се извинуваат.
Од друга страна, ова се чини невозможно за луѓето кои се несигурни во себе.
Кога ќе им посочите на грешка, тие ова го доживуваат како личен напад, па веднаш заземаат одбранбен став.
Не слушаат што зборувате
Некои луѓе иако изгледаат како да ве слушаат, воопшто не перципираат што кажувате.
Тие се држат до своите верувања и ако се контрирате со нив, се чувствуваат како да сте ги нападнале.
Некогаш, ова може да биде знак за ниска самодоверба.
Спирова С. | Црнобело