Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сериски убиец или трговија со луѓе? Во период од 10 години биле најдени 20 човечки стапала на бреговите во Канада

Од 2007 до 2019 година, на бреговите на Салишкото Море во Канада било најдено 21 човечко стапало. Уште се дебатира за нивното потекло, а локалците смислиле секакви теории – од жртви на давење и авионски несреќи, до сериски убиец.

seriski-ubiec-ili-trgovija-so-lugje-vo-period-od-10-godini-bile-najdeni-20-chovechki-stapala-na-bregovite-vo-kanada-01.jpg

Од 2007 година, на бреговите на Салишкото Море во Британска Колумбија, Канада се најдени над 20 човечки стапала.

Сите стапала биле со патики и во фаза на распаѓање, а експертите до денес дебатираат за нивото потекло.

На 20-ти август 2007 година, девојче од Вашингтон ја посетувало Британска Колумбија. Додека шетала по брегот на Салишкото Море, нашла Adidas патика.

Ја зела и кога погледнала внатре сфатила дека во патиката има човечко стапало во фаза на распаѓање.

seriski-ubiec-ili-trgovija-so-lugje-vo-period-od-10-godini-bile-najdeni-20-chovechki-stapala-na-bregovite-vo-kanada-04.jpg

По едвај една недела, на друг брег на Салишкото Море била најдена уште една патика со човечко стапало во неа.

Најпрво полицијата мислела дека станува збор за стапалата на иста личност. Но, двете стапала биле десни и носеле различни патики.

Со текот на времето луѓето наоѓале уште стапала на плажи помеѓу Сиетл и Ванкувер, а локалците почнале да развиваат секакви теории.

Некои мислеле дека станува збор за стапала на удавени мигранти, други дека се на жртви на некоја авионска несреќа, а имало и луѓе кои биле сигурни дека зад целата ситуација се крие злобен сериски убиец.

Почнале да се јавуваат и шпекулации дека стапалата се на жртви со трговија со луѓе.

seriski-ubiec-ili-trgovija-so-lugje-vo-period-od-10-godini-bile-najdeni-20-chovechki-stapala-na-bregovite-vo-kanada-05.jpg

За да откријат што се случува, експертите почнале да истражуваат како се однесува мртвото човечко тело во вода.

Човечките тела тонат, особено ако станува збор за жртва на давење. Кога телото ќе дојде до дното, брзо е изедено од морските животни.

Оттука, експертите донеле заклучок дека стапалата најверојатно се остатоци од луѓе кои се удавиле.

seriski-ubiec-ili-trgovija-so-lugje-vo-period-od-10-godini-bile-najdeni-20-chovechki-stapala-na-bregovite-vo-kanada-08.jpg

Бидејќи биле одвоени од телата, но и поради материјалот од кои биле направени патиките, лесно испливувале на површината, а потоа и на брегот.

Сепак, експертите уште немале одговор на важно прашање – чии се стапалата и дали станува збор за убиства?

На стапалата немало знаци на насилство и изгледало како процесот на распаѓање да се развивал вообичаено.

Ова значи дека немало еден виновник за морничавата појава.

Но, теоријата до којашто дошле експертите сепак е трагична. Тие сметале дека дел од стапалата им припаѓаат на луѓе кои извршиле самоубиство во морето.

since-2007-20-detached-human-feet-have-been-found-on-the-v0-7cpe3evc9ag81.jpg

Надлежните почнале да прават и ДНК анализи на стапалата. Најпрвото стапало што го нашло девојчето било на исчезнат маж кој страдал од депресија.

Едно од стапалата ѝ припаѓало на жена која се самоубила во морето во 2004 година.

Друго стапало припаѓало на маж кој исчезнал во 2008 година, а дел од нив не успеале да идентификуваат.

seriski-ubiec-ili-trgovija-so-lugje-vo-period-od-10-godini-bile-najdeni-20-chovechki-stapala-na-bregovite-vo-kanada-07.jpg

Иако се чини дека има разрешница за мистериозниот случај, експертите истакнуваат дека оваа појава сепак е необична.

Според форензичарката Гејл Андерсон, многу ретко се случува човечките екстремитети да пловат.

Уште поретко е да се најдат само стапалата, а не и целото тело. Според форензичарката, вистинска реткост е и да се најде едно стапало, а не па 20.

seriski-ubiec-ili-trgovija-so-lugje-vo-period-od-10-godini-bile-najdeni-20-chovechki-stapala-na-bregovite-vo-kanada-02.jpg

Нормално, овде е и прашањето зошто стапалата се појавуваат само на бреговите на Салишкото Море, а не на сите плажи ширум светот.

Според неколку океанографи, Салишкото Море ги има совршените услови за оваа појава.

Самата местоположба на морето, заедно со струите во него, создаваат поволни услови за бизарната појава.

Покрај тоа, локалците истакнуваат дека во оваа област, луѓето неретко носат патики кога шетаат по плажата. А, претходно спомнавме дека материјалот им го олеснува пловењето на стапалата.

seriski-ubiec-ili-trgovija-so-lugje-vo-period-od-10-godini-bile-najdeni-20-chovechki-stapala-na-bregovite-vo-kanada-06.jpg

Последното, 21-во стапало е најдено во 2019 година. Не е познато дали оттогаш се најдени и други.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg