5 типови возачи кои нè вадат од такт
Ние Македонците сме познати како нетрпеливи возачи и особено сме чувствителни кога сме во колона на улиците. Дури и кога сме свесни дека сме...
...катастрофални возачи никогаш не би го признале ова во јавност.
Постојат неколку типови на возачи кои редовно сите ги вадат од такт.
1. Возачи кои ја темпираат својата брзина точно така тие да поминат на семафорот, а вие да го пропуштите зеленото. Тие секогаш поминуваат бавно и елегантно на раскрсницата, а вам ви останува само да закочите. Ова не мора да е карактеристично само за семафори, слични ситуации се случуваат редовно и на приклучување од споредни на главни улици, каде тој пред вас вози толку бадно, сама за во последен момент пред вас да се појави колона од автомобили, а вие да чекате 10 минути до следно приклучување.
2. Возачи кои ги пуштаат сите да се вклучат во споредната лента. Пуштање некој кој долго чека во споредната лента да се уклучи пред вас е добра возачка навика. Но, некои се одлучуваат да ги пуштат баш сите, па макар и чекале саат време во колона.
3. Бавни возачи кои нагло забрзуваат кога ќе ги претекнувате. Обично ова се господа кои возат скапи и брзи автомобили. Клучната состојка на ова однесување е да ви биде јасно дека нивниот автомобил може да биде побрз од вашиот.
4. Возачи кои мислат дека кога ќе уклучат четири трепкачи се газди. Колона пред вас, колона до вас. Вашата не мрда, не ни може да мрда затоа што некој си застанал на улица со 4 и бара кај да си купи цигари. Или претрчал да испие едно кафе на брзинка во најблиското кафуле. Да, да, и ова го има.
5. Возачи кои редовно доцна, или воопшто не даваат трепкач кога треба да свртат некаде.