Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ситници што го прават животот поубав, а ги забораваме

Моментот кога сфаќаме дека сме надминале тешка ситуација или моментот кога некој ќе ни даде комплимент се само дел од ситниците што ни го прават животот поубав, но некогаш забораваме да ги цениме.

sitnici-shto-go-pravat-zhivotot-poubav-a-gi-zaboravame-01.jpg

Среде бројните обврски и стресот, навистина е лесно да заборавиме на работите што го прават животот убав.

Ова се работи кои се мали и навидум безначајни, но сепак се доволно моќни да ни го разубават целиот ден.

Ситници што го прават животот поубав, а ги забораваме:

1. Возење навечер без некоја дестинација.

2. Одново и одново слушање на омилената песна.

3. Пиење чај под ќебе кога времето е ладно.

4. Долгата прегратка од пријателот што не сме го виделе цела вечност.

sitnici-shto-go-pravat-zhivotot-poubav-a-gi-zaboravame-005.jpg

5. Насмевката од случајниот минувач на улица.

6. Моментот кога партнерот првпат ќе ни каже дека нè сака.

7. Топлината од сончевите зраци на нашата кожа, по долга студена зима.

8. Читање добра книга или гледање добра серија до доцна во ноќта, кога следното утро сме слободни.

sitnici-shto-go-pravat-zhivotot-poubav-a-gi-zaboravame-03.jpg

9. Наоѓањето заеднички интерес со нов пријател.

10. Моментот кога сфаќаме дека сме надминале тешка ситуација или сме решиле сериозен проблем.

11. Моментот кога новото милениче почнува да ни верува и првпат седнува во нашиот скут.

12. Мирисот на палачинки наутро.

sitnici-shto-go-pravat-zhivotot-poubav-a-gi-zaboravame-04.jpg

13. Зборување со часови со најдобриот пријател.

14. Моментот кога некој ќе ни даде комплимент за што било.

15. Смеењето до солзи со саканите.

16. Моментот кога некоја сакана личност ќе ни каже дека нè разбира кога споделуваме некоја наша грижа.

sitnici-shto-go-pravat-zhivotot-poubav-a-gi-zaboravame-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg