10 ситуации за кои ги осудуваме другите, а потоа и ние го правиме истото, низ илустрации
Им се лутиме на соседите ако галамат навечер, а потоа ја вклучуваме машината за перење на полноќ.
Понекогаш ги осудуваме другите за некои работи, а потоа, дури и без да забележиме, и ние го правиме истото.
Овие двојни стандарди не ни пречат, особено ако нам ни носат задоволство. Па тогаш која е потребата да им коментираме на другите или да им се лутиме за работите што тие ги прават, а нам не ни се допаѓаат?!
Во продолжение издвоивме 10 ситуации за кои ги осудуваме другите, но потоа и ние го правиме истото и се убедуваме дека тоа е во ред:
Ни пречи ѓубрето што го ставаат соседите пред врата, а и ние го оставаме кога нè мрзи да го фрлиме веднаш
Им се лутиме на соседите ако галамат навечер, а потоа ја вклучуваме машината за перење на полноќ
Се лутиме ако некој тргне со лифтот кога влегуваме во влез, а брзаме да ја затвориме вратата од лифтот ако видиме дека некој доаѓа
-->
-->
Ни пречи кога таксистот ни раскажува свои приказни, а забораваме дека и ние можеби му пречиме нему ако зборуваме гласно или ако разговараме на телефон додека се возиме
-->
Ги осудуваме личните избори на другите луѓе, а ако истото го направи некој во нашето семејство, тогаш е во ред
Некои работи им ги забрануваме на нашите деца, а потоа ние го правиме истото
Го коментираме животот на другите, а потоа и ние ги правиме истите работи што кај нив ни пречат
Викаме и коментираме кога некој ќе ги прекрши правилата, а се правиме дека е нормална работа кога ние ќе го направиме истото
Се лутиме кога некој не нè слуша додека му зборуваме, а превртуваме со очи ако треба да ги ислушаме за нивните проблеми
Им даваме совети на другите кои самите никогаш не сме ги прифаќале за себе
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации
Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...

10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам)
Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат
Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно
Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото)
„Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале
„Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“.
...