10 необични факти за Русија - има секс музеј и ресторан во кој работат само близнаци
Претседателот Михаил Горбачов сними албум со романтични балади, рускиот олимписки тим доцнеше 12 дена на Олимпијадата во Лондон... Дали сте слушнале за некои од овие факти поврзани со Русија?
За Русија, државата која се простира на два континента, луѓето знаат навистина многу. Интересната историја, некогашните царски преврати и бурната политичка ситуација која е актуелна и денес, отсекогаш биле фасцинантни за светот.
Тука е и културното наследство на земјата, на чело со музејот „Ермитаж“ и „Бољшој“, еден од најдобрите балетски театри во светот, но и музејот на Ленин, во кој е изложено неговото мумифицирано тело.
И покрај тоа, постојат интересни факти за Русија кои ги знаат само малку луѓе.
Дали сте слушнале за некои од нив?
Некои од претседателите на Русија имаат интересни хобија. Актуелниот претседател Владимир Путин сака џудо – факт што го знаат сите.
Но, дали знаете дека во 2008-ма година тој издаде ДВД со име „Ајде да научиме џудо со Владимир Путин“?
Пред него Михаил Горбачов објави албум со романтични балади наречен Songs for Raisa. Раиса беше неговата сопруга.
Во Москва постои ресторан со Д-ѕвездички. Ова всушност значи дека во ресторанот се вработени исклучиво близнаци кои ги послужуваат гостите облечени во идентична облека.
Во Музејот на секс и еротика во Санкт Петербург е изложен половиот орган на рускиот царски советник Григориј Распутин - барем така тврди сопственикот на музејот.
Експертите се сомневаат во вистинитоста на овие тврдења, иако музејот всушност има изложен отсечен пенис во тегла.
Во Русија има радиоактивно езеро. Тоа е езерото Карачај кое се наоѓа во јужниот дел на Урал, место кое некогашниот Советски Сојуз го користел за отстранување радиоактивен отпад.
Денес се смета дека ова е најзагадено место во светот полно со нуклеарен отпад. Силата на зрачењето е толку висока што човек може да прими смртоносна доза ако на брегот на езерото остане еден час.