ТикТок може да придонесе за ментална здравствена криза кај децата и возрасните - се согласувате ли?

Како луѓе, ние лесно стануваме зависни од одредени работи, без разлика дали тоа е храна, шопинг, алкохол или социјални мрежи. Стануваме робови на сите тие работи, кои ни влијаат негативно, а воедно и нè спречуваат да можеме да ги разгледуваме поубавите страни на животот. И пред МајСпејс имаше нешто друго, а потоа продолжи со Фејсбук, Твитер, Инстаграм, за сега да не можеме да се оттргнеме од ТикТок. Станавте ли и вие зависници од оваа социјална мрежа?

TikTok-mozhe-da-pridonese-za-mentalnaa-zdravstvena-kriza-kaj-decata-i-vozrasnite-02.jpg

Истражувањата покажуваат дека колку повеќе време некој поминува на социјалните мрежи, толку е поголема веројатноста дека ќе развие симптоми на нарушено ментално здравје.

Високите нивоа на користење на социјалните медиуми биле поврзани со зголемени ментални нарушување oсобено кај најмладите. Социјалните мрежи се меч со две острици. 

Постои силна врска помеѓу социјалните медиуми и зголемениот ризик за депресија, анксиозност, осаменост, самоповредување, па дури и мисли за самоубиство.

Социјалните медиуми може да промовираат негативни искуства како што се:

- Незадоволство за вашиот живот или изглед.

- Страв од пропуштање и зависност од социјалните мрежи.

- Изолација.

- Депресија и анксиозност.

- Сајбер-малтретирање.

- Лажна и неконзистентна утеха.

- Нестабилно место за наоѓање безбедност.

- И многу други.

TikTok-mozhe-da-pridonese-za-mentalnaa-zdravstvena-kriza-kaj-decata-i-vozrasnite-03.jpg

Добропознато е дека ТикТок е една од најбрзо растечките видео платформи за социјални медиуми која денес доминира со младите луѓе и привлекува повеќе од една милијарда корисници ширум светот, од кои речиси половина се на возраст од 10 до 29 години.

Оваа апликација неодамна го симна Инстаграм од тронот како најкористена апликација за социјални медиуми кај децата од 12 до 17 години, при што 63% од нив ја користат апликацијата неделно.

Податоците од Светската здравствена организација покажуваат дека во 2021 година, еден од седум адолесценти на возраст од 10 до 19 години се борел со предизвици за менталното здравје. Таа група е клучен дел од публиката на ТикТок.

Пред извесен период, нашата инфлуенсерка Миа Костова објави видео во кое зборува со Ивана Хаџиванова, психолог, Гешталт психотерапевт, семеен-системски советник и основач на „Неокортекс“ центарот. Во видеото, покрај сите останати теми поврзани со тинејџерството, се дискутира и штетноста на социјалните мрежи, посебно ТикТок.

Погледнете го видеото:

Покрај тоа што ТикТок негативно влијае на менталното здравје на сите корисници, воедно шири и голем број на дезинформации.

Впрочем, секој кој има профил може да креира какво и да било видео со каква и да било содржина, и да шири лаги, конспиративни теории, и дезинформации. Оваа апликација е минско поле од дезинформации.

TikTok-mozhe-da-pridonese-za-mentalnaa-zdravstvena-kriza-kaj-decata-i-vozrasnite-04.jpg

Дали ТикТок на некој начин претставува машина за перење на мозокот? Ние толку многу дозволуваме да нè вшмука, што потоа нè изморува, и немаме капацитет за ништо надвор од неа, надвор во вистинскиот свет.

ТикТок може да се искористи за добро, како што се користи и за лошо. Ножот може и да убие, и да обезбеди храна и преживување. Не мора сè да е меч со две острици.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

К. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg