Секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја
Знаевте ли дека луѓето во Северна Кореја немаат слобода сами да ја избираат својата професија? Работното место им го одредува државата и треба да останат на истото целиот живот. Што друго е забрането во оваа земја?
Северна Кореја е најзатворената држава во светот, но сепак успеваме да дознаеме нешто за неа.
За многумина, Северна Кореја е најлошата земја за живот бидејќи според она што го кажуваат бегалците, таму се прекршуваат некои од најосновните човекови права.
Жителите на Северна Кореја се соочени со цензура и чудни закони, кои, доколу ги прекршат, можат да бидат причина за сурови казни.
Секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја:
Интернет
Во Северна Кореја има интернет, но локалците ја немаат слободата да го користат како што сакаат.
Интернетот обично го користат луѓето од власта и странците.
„Обичните“ луѓе не смеат да се поврзат на глобалната мрежа и имаат само локален пристап.
Смеење
За среќа, ова не е постојана забрана, но сепак е бизарна.
Забраната го привлече вниманието на јавноста во 2021 година, кога стапи на сила за време на годишнината од смртта на Ким Џонг Ил.
Претходниот владетел почина во 2011 година на 17 декември.
На десетата годишнина од неговата смрт, Северна Кореја им забрани на жителите не само да се смеат, туку и да пијат алкохол и да прославуваат родендени и слично.
Според извор на New York Post, слични забрани имало и претходните години, а оние кои ги прекршувале биле апсени, а некои и мистериозно исчезнувале.
Гледање телевизија
Слично како со интернетот, луѓето во Северна Кореја имаат телевизори, но не можат да гледаат што сакаат.
Тие можат да ги следат само неколкуте канали кои се во сопственост на власта и кои доста често емитуваат документарци за здравје, корејска историја и географија. Истите канали неретко се користат и за пропаганда.
Каналите од други земји се строго забранети за најголемиот дел од населението.
Напуштање на земјата
Жителите на Северна Кореја обично не смеат да се движат низ државата, уште помалку да ја напуштат.
Нелегалното напуштање на државата се смета за криминал. Поради ова, бегалците кои се фатени неретко завршуваат во озлогласените затвори во Северна Кореја.