Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вирално видео: Крадец на брендирани чанти се удри во стакло во обид да побегне – веднаш беше уапсен

„Ова сигурно не е најпаметниот крадец на сите времиња“ – велат дел од корисниците на социјалните мрежи што имаа можност да го погледнат видеото во кое момчето се повреди додека се обидуваше да побегне од бутикот со брендирани чанти вредни 18.000 долари.

hit-video-shto-kje-ve-nasmee-kradec-sam-se-povredi-otkako-se-obide-da-pobegne-niz-zatvorena-staklena-vrata-01.jpg

Кражбата се случила среде бел ден во продавница на Louis Vuitton во Сиетл. Настанот се случил во август, но видеото сега стана вистински хит на социјалните мрежи откако беше објавено во повеќе познати светски медиуми.

Во краткото видео може да се види како 17-годишно момче се обидува да побегне од продавницата откако претходно земал чанти вредни околу 18.000 долари.

Она што е неочекувано е моментот кога тој обидувајќи се да побегне, удира во стаклениот излог од продавницата и паѓа на земја, по што веднаш бил уапсен.

Погледнете го видеото:

Засега не се соопштува идентитетот на крадецот затоа што станува збор за малолетно лице, а и се смета дека тој е дел од криминална организација која во изминатиот период почесто ограбува продавници со луксузни брендови.

Се знае дека момчето било пренесено во болница, а потоа било пуштено дома, во придружба на родителите.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит мемиња во кои ќе се пронајдат сите (и ќе ве насмеат до солзи)  „Кога ќе го прифатиш фактот дека нема да бидеш во фит форма летово, ниту к...
6 хит вицеви за повесел ден Се караат маж и жена и жената вреска: „Те молам Господе земи ме!“ На ова мажот в...
12 луѓе кои сигурно имаат полош ден од вашиот Дали често си помислувате „Ова можеше само на мене да ми се случи“? Овие ситуаци...
Жени кои само сакале да се разубават, но отишле во непроверен салон (фото) Екстензии кои изгледаат како да сте ги ставале сами и трепки кои воопшто не изгл...
Хит вицеви за Македонците - на доктор, на аеродром, во сообраќај Македонска свадба: – Тато, колку чинеше свадбата со мама? – Сине, уште ја плаќам...
Синот на Гери Барлоу од „Take That“ стана хит меме поради неговата висина Семејна фотка на која Гери Барлоу едвај достигнува до рамото на син му Даниел ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg