„За што сè морав да ѝ се извинам на сопругата“: Маж стана хит на ТикТок со хумористичните видеа

„Морав да ѝ се извинам на сопругата бидејќи направив врева кога се сопнав, а еднаш морав да ѝ се извинам бидејќи имаше сообраќаен метеж“, открива Чип Лејтон од САД во ТикТок видео.

za-shto-se-morav-da-se-izvinam-na-soprugata-mazh-stana-hit-na-tiktok-so-humoristichnite-videa-001.jpg

Чип Лејтон од САД има профил на ТикТок каде што споделува шеговити видеа за родителството и бракот.

Моментално неговите најпознати видеа се дел од серијал насловен „Работи за кои ѝ се извинив на сопругата“.

Во серијалот, Чип открива токму тоа – најлудите и најбаналните работи за кои сопругата се налутила, па тој морал да ѝ се извини.

@the_leighton_show Sorry #husbandwife #marriedlife #apologize #humor ♬ original sound - The Leighton Show

Иако од неговата листа изгледа како тој да ја има најлошата сопруга, за Bored Panda, Чип вели дека ТикТок профилот е само за забава.

„Јас сум обичен маж со обична работа во канцеларија, а ТикТок и Инстаграм ги користам за забава. Со сопругата сме во среќен брак 23 години имаме двајца тинејџери.

Сакам да се смеам и сакав да видам дали ќе можам да ги насмеам и другите и барем малку да им го разубавам денот.

Мислам дека многу луѓе можат да се пронајдат во она што ни се случува мене и на сопругата, па навистина им се допаѓа кога некој ќе каже дека и во нивниот дом се случило истото“.

za-shto-se-morav-da-se-izvinam-na-soprugata-mazh-stana-hit-na-tiktok-so-humoristichnite-videa-04.jpg

Според коментарите, некои сметаат дека односот помеѓу Чип и неговата сопруга е токсичен – постојаното извинување не е знак за здрава и стабилна врска.

Сепак повеќето сметаат дека видеата се забавни, па дури и ги споделуваат нивните слични искуства.

Во продолжение дел од најсмешните и најчудните причини зошто Чип ѝ се извинил на сопругата:

1. Се качив на горниот кат без да се најавам, па морав да се извинам. 

2. Некој маж на телевизија ја изневери неговата сопруга, па морав да ѝ се извинам на сопругата. 

3. Се извинив бидејќи сакав да гледам нешто друго, а не шоу за куќа опседната со духови.

4. Морав да се извинам бидејќи не ги познавам сите.

5. Морав да ѝ се извинам бидејќи не знаев дека ќе се ослободи паркинг поблиску до влезот.

6. Ѝ се извинив бидејќи имаше сообраќаен метеж.

7. Не сакав да ја продадам нашата куќа и да купам куќа што не можеме да си ја дозволиме, па се извинив. 

za-shto-se-morav-da-se-izvinam-na-soprugata-mazh-stana-hit-na-tiktok-so-humoristichnite-videa-03.jpg

8. Не ми се допаѓаше серијата што ми ја предложи.

9. Направив врева кога се сопнав и морав да се извинам. 

10. Сум бил многу злобен кон неа во нејзиниот сон и морав да ѝ се извинам. 

11. Заспав додека гледавме филм.

12. Стоев пред фиоката што таа сакаше да ја отвори.

13. Ѝ реков „Што?“ кога не ја слушнав што ми кажа, па морав да се извинам.

14. Се извинив бидејќи сум го уништил троседот кога седев на него.

15. Морав да се извинам бидејќи не можев да го запрам ветрот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg