Вирален статус на Македонец: Хамбургер на времето (сендвич со плескавица) vs. хамбургер денес (со месо од крави кои слушале Бетовен и Бах)
Хамбургер некогаш - лепче, плескавица од сомнително потекло, зелка неизмиена и кечап или мајонез од туба од 5 литри. Хамбургер денес - леб правен од безглутенско брашно мелено од девици, наросен со чија семиња, семиња од тиква за подобра работа на желудник, лупен сончоглед, сусам печен во маслиново масло и месо од крави кои слушале Бетовен, Бах и Моцарт и можат да завршат средно музичко училиште.
Божидар Божиновски е познат по шеговитите Фејсбук статуси, во кои често на хумористичен начин доловува реални ситуации.
Сега, тој посвети објава на тоа како изгледаа хамбургерите некогаш, а како денес. И се пошегува и на сметка на нивните вртоглаво високи цени.
Неговиот статус, кој стана вирален на Фејсбук:
Хамбургер на времето:
- Не се вика хамбургер туку сендвич. Врвеше и ко сенвич.
- Лепче
- Плескавица од сомнително потекло
- Зелка неизмиена
- Помфрит
- Кечап или мајонез од туба од 5 литри
Пакован во бела хартија на која пиши hamburger, hot dog, toast.
- Цена: 40-60 денари
Чепкалка - опционално, ако добиеш пластично вилувче топ
Хамбургер сега:
- Леб правен од безглутенско брашно мелено од девици, наросен со чија семиња, семиња од тиква за подобра работа на желудник, лупен сончоглед, сусам печен во маслиново масло
- Месо од крави кои слушале Бетовен, Бах и Моцарт и можат да завршат средно музичко
- Органски домат
- Органска краставица
- Органски краставички
- Парче кашкавал од крави молзени од модели на Викторија Сикрет и Мис Боливија 1996-та
- Друго парче плескавица од крави кои слушале само олд скул хипхоп зачинето со парчиња од сланина
- Премаз од четири е*ени сирења оти петтото не го пуштаа од дома
- Печурки од падините на Хималаите
- Сперма од морско коњче во пубертет
- Авокадо
- Уште едно лепче само без семе од тиква да не ви работи предобро желудникот
Паковање: Црна кутија со златни букви од екофрендли фирма која сади дрва за секое исечено и употребено за хартија
- Цена: Од 250 до колку стан во Пехчево
Додатоци:
- Пармезан
- Моцарела
- Сос од батак од еднорог
- Сос од карабатак од еднорог
- Помфрит со цена од 50 до гарсоњера во Делчево
Се служи со забоден нож во него и не можеш да го јадеш оти е голем колку неухрането прваче
https://www.facebook.com/mojokilington/posts/10228224546388160
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com