„Јас и сопругот настинавме - разликата е во тоа што јас ја чистам кујната, а тој умира“
Честопати сте се запрашале зошто мажите се однесуваат како да се „на работ на смртта“ кога се настинати?!
Сите се разболуваме, и сите знаеме дека таквото искуство не е ни малку пријатно.
Сепак, настинката или вирусот не треба да се мешаат со ужасите на злосторството кое го доживува машката популација при таканаречениот мит за „машкиот грип“.
Блага температура, мрсулав нос, главоболка и драматично преувеличување на симптомите со што грижата од спротивната страна треба да биде еднаква на медицинска сестра, очајна домаќинка и неутешна робинка.
Дефиницијата за машкиот грип е следната: „Болест која предизвикува мажот да биде беспомошен и поболен од кој било друг член од семејството“.
Шегата на страна, жените секогаш безрезервно се грижат и посветуваат – а мажите по еднонеделната борба извојуваат победа и ја напуштаат „смртната постела“.
Најискрените и најкомични исповеди на жени како се справиле со машката настинка:
„Мојот сопруг е настинат. Молете се за нас“.
„Сопругот е настинат. Во моментов е потонат во својот кауч и испушта ‘умирачки звуци’. Да повторам, тој е настинат“.
„Дечко ми се врати од работа болен. Сега чувам 20 деца одеднаш“.
„Маж ми е настинат, така што природно целиот свет треба да запре со она што го прави – сѐ додека тој не се почувствува подобро“.
„Ти имаш настинка, но тој страда од ‘машки грип’ – ни рече нашиот матичен лекар“
„Не зборувам за моето бебе, туку за мојот настинат 45-годишен маж“.
„Мојот сопруг настина. Со други зборови – тој умира. Ова се навистина тешки времиња за сите нас. Молете се“.
„Кога маж ми има грип, целата околина сочувствува со мене“.
„Партнерот закачи настинка, па практично следните 5 до 7 дена од мојот живот ќе бидат како епизода на Grey’s Anatomу“.
„Јас сум 9-ти месец трудна, а маж ми се бори со настинка. Кој се жали повеќе?!“
„Мојот маж има грип, па во моментов користиме Google Maps за да го пронајдеме најбрзиот пат до Ургентниот центар. Молете се за нас“.
„Мојот маж оздраве, а ние сѐ уште зборуваме за тоа колку многу бил болен пред три недели“.
„Дечко ми настина. Знам затоа што последните два часа не прави ништо друго освен што се жали. Ако настинката не го убие, ќе му пресудам јас“.
„Маж ми е во постела. Ме повика и почна да се збогува со мене. Дефиниција за настинка, зарем не?!“
„Јас и сопругот настинавме. Разликата е во тоа што јас ја чистам кујната, а тој умира“.
„Поддршка за сите жени – борци кои макотрпно го преживуваат ‘машкиот грип’. Сите за една – една за сите!“
„Имам женска настинка. Дефинициски, тоа е кога ги минимизираш твоите симптоми за да не дознае партнерот. Замислете да се разболи и тој?!“
„Лежам болна во мојот кревет, а маж ми ми вели: ‘Ух, јас го прележав најлошиот грип што постои. Одвај извлеков жива глава’“.
„Кога не ми е добро сопругот ме проверува така што ќе види дали правам вечера или не“.
„Докторот му кажал на сопругот дека му треба одмор, но не наредните 30 години“.
Мила М. | Црнобело