Да се насмееме!
Надвор горештини, на работа се помалку желба и агилност... Време е да се насмеете! Неколку стари добри вицови за убав и повесел ден.
Кратка и слатка насмевка!
1. Што е снаодливост?
- Кога на топката ќе најдеш агли.
2. Што е вишок на вредност?
- Кога некоја женска е многу згодна, но и многу паметна.
3. Зошто црногорците не слават први мај?
- Затоа што е празник на трудот.
4. Што е ќелавење?
- Физиолошки процес на претворање на главата во задник. Прво формата, а потоа и содржината.
5. Каде ги чува Чак Норис парите?
- На USB стикче.
6. Како се викаат луѓе во Југо на автопат?
- Камикази.
7. Како да направите најголем циркус на светот?
- Прекријте ја цела поранешна Југославија со шатор.
8. Која е разликата меѓу Градски трговски центар во Скопје и Светскиот трговски центар во Њујорк?
- Нашиот има три ката повеќе!
9. Најдобра вијагра?
- Туѓата жена!
10. Што е „родео секс“? Тој лежи на грб, таа врз него. Му соопштува дека има сида и се обидува да остане на него барем пет минути.
11. Што најчесто им паѓа на памет на наркоманите?
- Фикс идеи.