„Каде исчезнуваат чорапите во машина?“ – Прашања на кои никој нема одговор
Навидум делуваат како шеги, но ако се обидете да го пронајдете точниот одговор – сфаќате дека ќе се измачите.
Во продолжение следат неколку прашања инспирирани од реални ситуации во кои многумина се нашле.
Кога ќе ги прочитате, сигурно ќе си помислите дека и вие некогаш би се запрашале истото. Но...
Дали некој го знае одговорот?
- Зошто белиот конец кој ги поврзува новите чорапи е секогаш посилен од оној од кој се направени чорапите?
- На кој љубовен состанок по ред може да престанете да го вовлекувате стомакот?
- Зошто добрите аргументи секогаш ни текнуваат половина час после кавгата?
- Како се заспива без да се нурнеш во фрижидерот или екранот од телефонот?
- Каде исчезнуваат чорапите кои се губат во машината за перење?
- Ако женското пријателство не постои, исто како и машко-женското, тогаш со кој треба да се дружи жената?
- Зошто мислиме дека ако побрзо ја кренеме храната од земја и ја дувнеме три-четири пати, ќе биде побезбедно да ја изедеме?
- Како да му објасните на сопругот дека се омаживте за него, а не го посвоивте?
- Зошто спиењето е послатко преку ден, а храната послатка навечер?
- Каде исчезнуваат парите?
- Како таблетата против болки точно знае што ве боли?
- Зошто кога батериите на далечинското ќе ослабат, луѓето посилно ги притискаат копчињата?
- Дали прво се будиш или прво отвораш очи?
На кое духовито прашање вие немате одговор? Споделете го со нас во коментари...
М. Д. | Црнобело