Виц: Е*ати среќата
Седел Перо тажен во едно кафуле, пред него на масата кригла пиво. Влегол Блажо, седнал до Перо и му го испил пивото. Перо почнал да плаче, па Блажо го прашал:
- Де бре Перо, за едно пиво ли ќе плачеш сега?
Перо одговорил:
- Ма цел ден ми е катастрофа. Ништо не ми оди од рака.
Се загрижил Блажо за пријателот па го прашал:
- Па дај кажи ми што ти се случило, може ќе ти помогнам.
Па Перо почнал:
Си дојдов дома од ноќна смена, а жена ми со друг во кревет. Попладнето ми се јавија од работа да ми кажат дека сум отпуштен и дека не морам веќе да одам на работа, а жена ми во меѓувреме ги испразнила сметките и си побегнала со другиот.
Ми дојде да се убијам, па земав јаже да се обесам, кога ми се скина на пола. Кога пробав со пиштол, ми се заглави куршумот во цевката, а возот заглавил во снегот па не можев ни да се фрлам под него.
И сега, од последните пари си купив отров, нарачав пиво и го ставив внатре, а ти ми го испи!