Перо, Блажо и автостоперки
Се возеле Перо и Блажо од Скопје кон Битола и повремено среќавале стопери. Се одлучиле евентуално ако застанат да земат само женски, но само...
...откако ќе проверат што им нудат за возврат.
Перо: До кај ќе одиш девојко?
Авто стоперка 1: До Битола.
Блажо: А, што ќе ни дадеш за возврат ако те земеме?
Авто стоперка 1: Па еве, јас одам да продавам јаболки, па може да ви дадам некое кило.
Перо: Блажо, ни требаат ли јаболки?
Блажо: Не ни требаат! Вози ајде.
И така се возеле се додека не наишле на друга девојка.
Перо: А, до кај одиш ти девојко?
Авто Стоперка 2: До Битола.
Блажо: А, што би ни дала ти ако те однесеме?
Авто стоперка 2: Реденка.
Перо: Блажо, ни треба ли нас реденка?
Блажо: Не, вози понатаму. ... 15 секунди подоцна...
Перо: Блажо, а што е тоа реденка?
Блажо: Не знам. Ајде да се вратиме и да ја прашаме.
....и така се вратиле кај стоперката...
Перо: Мала, а што е тоа реденка?
Авто Стоперка2: Ќе ги соблечам гаќите па ќе му дадам на едниот и после тоа му давам на другиот.
Перо: Блажо, ни требаат ли гаќи бре?
Блажо: Ма какви гаќи, вози ајде понатаму!