Како ќе те зафрке жаба...
Бев во хотел кој во околината имаше парк и шума па отидов на прошетка во шумата. Одеднаш слушнав глас: „Пази, дрво паѓа. Кре! Паѓа, кре-кре!“
Јас застанав и дрвото падна пред мене. Погледнав во грмушката и таму жаба, која зборува и ме предупреди дека дрвото ќе падне.
И пријдов на жабата и таа ме замоли: „Спаси ме од овде те молам додека не ме изела змија.“ И, бидејќи ми го спаси животот, ја зедов со себе. Ја ставив во џеб и ја однесов во хотелот. Малку пред да влеземе во хотелот таа викна: „Пази, крадци. Кре кре! Лопови!“ Јас се завртев и навистина двајца трчаа позади мене и јас побрзав кон вратата од хотелот. Жабата повторно ми помогна и јас ја зедов со мене во собата.
Тогаш таа ме замоли: „Суво ми е, ми треба вода.“ И јас ја ставив под туш...а, затоа што се шетав и јас, трчав и бев испотен, и јас влегов да се туширам. Тогаш жабата ми рече: „Бакни ме и ќе се претворам во принцеза!“ И јас навистина ја бакнав и таа се претвори во секси 16 годишна девојка...
„И ете, гледате господине судија,“ вели Берлускони, „тоа е целата вистина. Навистина тоа е единствената причина што ме најдоа гол под туш со 16 годишна девојка. Ви се колнам дека е така!“