Кратки „црн хумор“ вицеви кои неетички ќе ве насмеат до солзи
Колку и да не сакаме да признаеме, понекогаш најкратките и вицовите исполнети со доза црн хумор нè смеат најслатко. Секако, не е најетички, но сите сме луѓе со маани, а смеата е здрава, па време е да се расположите со неколку вицеви од овој тип:
Каде е комшијата Драган?
- Умре.
Паметно.
Како знаеш дека сопругата ти е мртва? - Сексот е ист, само садовите во мијалникот се трупаат.
Маж се буди после неколку месеци поминати во кома во болницата. До него седи жената облечена во црнина, полека го трга превезот и му вели: На тебе навистина човек не може да се потпре.
Уф, добро е што вирусов е кинески, замисли да беше оригинал.
Зошто Смарт е најсигурниот автомобил на светот? - Затоа што може да загинат најмногу две личности.
Човек ја прашува библиотекарката – може ли да позајмам некоја книга со самоубиство?
- Ма немој, па после да не ми ја вратиш никогаш.
Во Чернобил, детенце добива петка по физика. Кога го прашуваат како успеал да добие петка, тоа вели: па две глави размислуваат подобро од една.
Гостин, на келнерот: извинете, да не имате шеќер? Да господине.
- Ауф, незгодно брате, дедо ми умре од тоа.
Колку пати сум рекол „жими мајка“, мајка ми и добро се држи…
Фејсбук статус на поп: Лајк и ќе ти го осветам профилот.
Доаѓа крајот на светот во Македонија. Се врти околу себе и си вели: ама јас како да сум бил тука веќе. И си заминува.
Водоинсталатерот со германско потекло ми ја спои цевката од плинот на тушот. Изгледа старите навики умираат тешко.
Мојот маж повеќе не пие, не дреме по кафеани, не оди по жени…
- Навистина, а колку време не го прави веќе тоа?
Па еве утре точно 40 дена.
Најнова вест: на саемот за книга во Сараево продадени 21.648 ќебапчиња!
Што е недефинирано чувство?
- Кога тештата ќе го слупа твојот нов автомобил и ќе погине во сообраќајката.
(О)Милена | Црнобело