Пчелата боцка и умира, а свекрвата боцка, боцка, боцка и пак живее вечно – најсмешните вицеви за свекрвите
Свекрвите или (свèкривите) се една од омилените теми во Македонија. На нивната сметка се адресирани многубројни шеги и вицеви, па време е да се опуштиме и да се насмееме.
И секако, станува збор само за шега, па не си ги земаjте работите премногу при срце:
На венчавка, свекрвата и дофрла на невестата:
– Ќерко, венчаницата не ти е баш убава...
А невестата на тоа:
– Не се секирај, следниот пат ќе биде поубава!
Која е разликата помеѓу пчела и свекрва? – Пчелата боцка и одма умира, а свекрвата боцка, боцка и не умира.
Како се вика свекрва на јапонски? - По куќи ми фучи.
Прва брачна ноќ... младите во кревет... настапува кулминација.
Трпе вика: Трпанооо ќе ти ја изедам дун*ата!!!
Од ходникот се јавува свекрвата: Трпе, толку убава мусака сум ти направила, ти најде што да јадеш!
– Колега, што е работата со пациентката во соба број два?
– Не знаела дека свекрвата има близначка и кога на свадбата видела две свекрви, се мрднала ептен.
Ѕвони свекрвата кај снаата:
– Како е мојот син?
– Ами како е... Пие ракија, скита по жени, мене пак ме тепа за ситници...
– Убав на мајка, само да не е гладен.
Збоpиф две кумановке и едната вика:
– А мори, што не га исечеш овуј стару кајсију?
– Ааа не, ќе га чувам за успомен, свекрва ми обесија се на њума!
– Епа штом е такој, да ми дадеш калем!
Една баба продавала јаболка на пазар:
– Ајде јаболка од Чернобил, ајде јаболка од Чернобиил...
Поминува некој човек и ѝ вика:
-Бабо, ти си луда бре, не викај така – кој ќе ти купи радиоактивни јаболка?
А бабата му вели:
– Купуваат синко, купуваат, те свекрва за снаа, те снаа за свекрва...
Му вели свекрвата на домазетот:
– Зете расипано е казанчето, поправи го.
– Што ми е гајле, не е мое.
Наредниот ден:
– Зете расипана е кадата, среди ја.
– Што ми е гајле, не е моја.
Се изнервирала бабата, му ја препишала целата куќа на зетот и следниот ден му вели:
– Зете, поправи го казанчето не чини.
– Што ти е гајле, не е твое.
– Ја познавате ли мојата свекрва?
– Да, задоволство ми беше да ја запознаам.
– Ох, тогаш не била мојата свекрва.
Отишол Трпе на автобуската станица и кога стигнал имал што да види – Трпана ги бакнува сите автобуси. Трпе ја гледа и не може да поверува на своите очи, па ја прашал:
– Ама ти арна ли си, зошто ги бакнуваш сите автобуси?
– А бе Трпе, еден од нив ја удрил свекрвата, ама не знам точно кој.
(О)Милена | Црнобело