Најсмешните вицеви за Трпана, Трпе и малиот Трпе
Трпе мудрува:
– Како поминуваат годините да биде добра у кревет добива друго значење … да не ’рчи, да не ти го зема ќебето …
На шалтер го прашуваат Трпе:
– Лична карта?
– Немам со мене.
– Добро, кажете ми матичен.
– Д-р Марија.
Синот го прашува Трпе:
– Тате, може ли да ги вратам шишињата од синоќа и со кауцијата да купам леб?
– Може бе сине, а бе ако не сум јас во оваа куќа, ќе умрете од глад!
Малиот Трпе доаѓа дома и вика по мајка му:
– Мамо, во школо сите ми викаат дека сум бил изгубен случај!
– Дете, ти живееш во другата зграда.
Трпе оди со Трпана во мотел и на рецепција прашува:
– Би сакале да изнајмиме соба на 5 минути.
– Но тоа не е можно господине …
Во муабетот се уфрлува Трпана тажно:
– Можно е, можно е…
Малиот Трпе му вика на татко си:
– Тато некој ти ѕвони на мобилниот!
– Види сине кој ѕвони, си мијам раце.
– Те бара „БОЖЈА КАЗНА“
– Бргу бе јави се, мајка ти е!
Трпе се облекува сабајлето, ѝ се врти на Трпана и радосен ѝ кажува:
– Жено види колкав ми е! Не ми го собира во гаќите!
– Добро бе Трпе… колку пати ти кажав да не ги облекуваш моите!
Трпана го прашува Трпе:
– Срце, а убава ли сум ти без шминка?
– Госпоѓо која сте Вие?
(О)Милена | Црнобело