„Дење лае, ноќе плива – вештачката вилица на свекрвата“ – 20 кратки вицеви кои добро ќе ве насмеат
Време е за малку хумор! А зарем има подобри вицеви од оние кои се кратки и слатки? Одвојте само 5 минути и добро насмејте се на денешната доза хумор:
1. Од толку многу миење на рацете на дланките ми се појави таблицата множење од основно.
2. СТАРЛЕТА – суштество од современата македонска митологија, со тело на жена, а глава на кокошка.
3. Добар ден, ве молам кажете ми колку чини оваа справа за мачење?
– Господине, тоа е бурма.
4. Која е главната причина за развод?
– Бракот.
5. Овие мигрантите навистина ги преминаа веќе сите граници.
6. Што е тоа? Дење лае, ноќе плива?
– Вештачката вилица на свекрвата.
7. Врв на финансиска криза? Влегуваш во кинеска продавница и викаш: ништо не треба, само гледам.
8. Што ѝ фали на фотката на Инстаграм со 10 илјади лајкови?
– Облека.
9. Најупотребувано македонско CV?
– Ме испрати чичко Стојан.
10. Ми ѕвони еден извршител… Здраво Драгана, што сакаш да ти земам за роденден?