Како се богати македонче?
Оди некој македонски архитект кај италијанец архитект во Италија. Го гледа италијанецот со две куќи, три автомобили, пет мобилни...
...телефони и сл. Па го прашува:
- Како успеа човече да направиш толку богатство?
На тоа италијанецот му одговара:
- Го гледаш оној мост?
- Го гледам, му вели македонецот
- Епа тој мост требаше да биде 120m x 25m, а јас го направив 120m x 22m па од тие 3 метри го направив ова богатство.
Доаѓа следната година италијанецот во Скопје, па го гледа македонецов со 3 хотели на Охридско Езеро, вози џип, има казино, јахта која ја поставил на наше море...
А од каде па сега ти сето ова друже?
- Го гледаш оној мост онде?
Италијанецот на тоа одговорил:
- Не!
На тоа нашиов му рекол:
- Епа тука требаше да биде!