„Колку ќе платам струја за греалкава“ и уште 12 знаци дека сте возрасна личност

„Возрасна личност си кога си среќен што некој ти откажал план и ќе одмориш.“ Имате ли и вие вакви „симптоми“?

kolku-kje-platam-struja-za-grealkava-i-ushte-12-znaci-deka-ste-vozrasna-lichnost-01.jpg

Кога од млад безгрижен човек се претворате во возрасна личност?

Луѓе на забавен начин ги откриваат знаците кои им покажуваат дека станале возрасна личност.

Сфатив дека сум возрасна личност кога...

„Кога ќе претерам со пиење, ми требаат два дена да се вратам во нормала“

„Кога сам почнуваш да си закажуваш термини за на доктор, а не родителите.“

„Кога групата на Фејсбук со пријателите ти станува активна и пред 8 часот наутро.“

„Кога ја пушташ греалката и прва помисла ти е колку ќе ти стигне сметка за струја.“

„Кога почнуваш да формираш цврсти ставови за супермаркетите во твоето соседство.“

„Кога сабота ти е ден за плаќање сметки, а недела за чистење.“

„Кога си навистина возбуден затоа што купуваш нови ножеви и тавчиња.“

kolku-kje-platam-struja-za-grealkava-i-ushte-12-znaci-deka-ste-vozrasna-lichnost-01_resize.jpg

„Кога стануваш рано во викенд денови и потоа дремнуваш попладне, наместо да спиеш до доцна.“

„Кога почнуваш да размислуваш дали имаш храна дома.“

„Кога си среќен бидејќи времето е топло и знаеш дека ќе ти дојде помала сметка за струја.“

„Кога почнуваш да уживаш во вкусот на спанаќот и други здрави работи.“

„Кога почнуваш да го проверуваш мејлот подеднакво често како и социјалните мрежи.“

„Кога си среќен што некој ти откажал план и ќе одмориш.“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg