Топ графити од Балканот 2
Без навреда. Ова се само уште неколку графити собрани од улиците низ Балканот. Ако ништо друго, барем за кратко ќе успеат да ве насмеат:
1. Да живеат паднатите борци!
2. Пензионерите се нашата иднина.
3. Цајканите се како проститутки. Стојат на ќошови.
4. Кога ќе здогледа жена, мажот станува ловец. Кога ќе улови жена, станува плен.
5. Пролетери од сите земји, извинете. Ваш Маркс.
6. По подочњаците се познава ноќта.
7. На една жена и требаат 20 години од синот да направи маж, а на друга само 20 минути од него да направи будала.
8. Можеби мозокот на жената и не е слаба точка. Ама, сепак е точка.
9. Ако мажот и отвора врата на жената од автомобилот, или му е нов автомобилот или му е нова жената.