Дневна доза хумор (2)
Крајот на неделата ни се ближи, и време е да го подигнеме расположението со малку хумор. Ајде, одвојте некоја минута да се насмеете со неколку вицеви.
1. Докторе, ми треба потврда за да не работам.
- Па, што ви фали?
- Епа тоа де – потврда!
2. Судијата го прашува обвинетиот:
- Зошто сте го убиле зајакот кога не сте член на ловечкото друштво?
- А, зошто он ја јадеше мојата зелка кога не е член на моето семејство?
3. Жената: Ти бре, сите пари ги трошиш на кафана!
- Мажот: Што се буниш, ти даваш 50 евра за маскара!
- Жената: Па јас купувам маскара за да ти бидам убава!
- Мажот: па и јас пијам за да ми бидеш убава!
4. Оди Хасо и носи магаре со себе. Го сретнува Мујо и прашува.
- Ама кај си тргнал со тој коњ?
- Море токмак, не е коњ магаре е!
- Ти да ќутиш, тебе не те прашав ништо!
5. Учителката: Перица, за што служи биберот?
- Перица: Па, за спиење.
- Учителката: Е, како тоа за спиење?
- Перица: Епа секоја вечер тато и вика на мама – Дај да ти го збиберам за полесно да заспиеш!
6. Жената го прашува мажот: Драги, ти сакаш паметни или убави жени?
- Ни едната ни другата драга, јас те сакам тебе!
7. Доаѓа политичар дома радосен и ја бакнува сопругата.
- Сè е готово! Избран сум!
- Навистина? Не лажеш?
- Не не, сега веќе нема потреба!
8. Комшики си муабетат:
- Од кај ти е таа модрица под окото?
- Од маж ми.
- Па мислев дека отиде на пат, нели така ми кажа вчера?
- Епа и јас мислев!