Мујо е цар!
Патувале со авион Мујо, американец и русин, одат во Америка. Летале над океанот и одеднаш се појавил ѓавол во авионот и им рекол: „Вие тројца имате...
...шанса да се спасите од пеколот. Секој од вас треба да фрли по еден предмет од авионот во океанот, а јас ќе отидам по него. Ако успеам да го донесам предметот, оној кој го фрлил ќе оди во пеколот.“
Американецот прв го фрлил предметот. Ѓаволот скокнал во океанот и брзо се вратил носејќи ја иглата со себе. Го земал американецот и го одвел во пеколот.
Русинот втор го фрлил предметот. Ѓаволот скокнал и се вратил со чачкалица.Го земал русинот и го одвел во пеколот.
Дошол на ред Мујо. Фрлил предмет, а ѓаволот скокнал по него во океанот. И го немало, го немало, го немало, кога ете го ѓаволот изнервиран се вратил во авионот.
„Добро бе море, што фрли ти?“
А Мујо: “Шумеча таблета...“