Зајко пишува докторат!
Си седел зајко во шумата и си пишувал нешто. Прошла лисицата па го прашала: - Што правиш зајко? - Ништо лиске, еве пишувам докторат. - А, која ти е темата...
...на докторатот? - Темата ми е „Како да одереш лисица“
- А, па зајко не може така. Дојди ајде до грмушката да ти објаснам нешто.
Од грмушката се слушале чудни звуци, викање и после 5 минути излегува зајакот, се тресе и продолжува да си пишува. После 10 минути поминал волкот и го прашува што прави.
- Ништо волчко еве пишувам докторат.
- А, која ти е темата на докторатот?
- Темата ми е „Како да одереш волк“.
- А, па зајко не може така. Ајде до грмушките да ти објаснам јас тебе нешто.
Од грмушките повторно се слушало викање и после 3 минути излегле гушнати зајакот и мечката.
Му вика мечката на зајакот:
- Гледаш зајко, не е важно која ти е темата за докторатот. Важно е кој ти е ментор!