Македонец и грк на појадок
Кој го чул, кој не го чул до сега, ние овој виц го одбравме за виц на денот! Се надеваме ќе успееме да ве насмееме. Си седел македонец во некој локал во Битола...
...и си појадувал тост со маргарин и мармалад кога до него седнал грк кој џвакал мастика.
Македонецот го игнорирал, но гркот почнал муабет:
- Еј, вие тука јадете цел леб за појадок?
- Да.
Гркот направил балонче со мастиката и гордо продолжил:
- Ние не. Јадeме само пола. Останатото го фрламе во корпи за рециклирање и после ви го пуштаме тука во форма на леб за тост.
Македонецот си поќутел. Но, гркот упорен продолжил:
- Вие тука го јадeте целиот мармалад?
- Да. – рекол македонецот.
- Ние не. Ние во Грција јадеме свежо овошје. Сите остатоци ги фрламе во канти за рециклирање и ви ги пуштаме тука во форма на мармалад.
На македонецот му пукнал филмот и го прашал гркот:
- Вие е*eте долу во Грција?
- Па се разбира. – рекол гркот.
- И што им правите на кондомите по сексот? – прашал македонецот
- Па ги фрламе, нормално. – одговорил гркот.
На тоа Македонецот му рекол:
- Ние не! Тука во Македонија ги фрламе во корпа, ги рециклираме и после ви ги пуштаме во Грција во форма на мастики.