„Аптеката менза да ти биде“: Најбизарните балкански клетви
Кога нешто или некој ќе нè изнервира навистина знаеме да бидеме остри на јазик...
На Балканот навистина сме креативни кога станува збор за клетвите, а понекогаш дури одиме и во крајност.
Некои од овие клетви можеби ги знаете, додека други ќе ги чуете за првпат:
- Аптеката менза да ти биде.
- Детето од среќа во бунар да ти се фрли.
- Полицијата со креда да те црта по автопат.
- Мајка ти да си отвори Фејсбук профил.
- Ѓаволот да те изеде.
- На пивото да ти истече рокот на траење.
- Девојка ти да ти ги пушти шарените алишта на 90 степени.
- Гром да те утепа.
- Мобилниот телефон да ти се префрли на кинеско писмо.
- Да не знаеш што повеќе доцни, дали твојата плата или циклусот на твојата девојка.
- Швалерката да ти направи „шливка“ на вратот.
- На 18-тиот роденден на синот да дознаеш дека си стерилен.
- Ти да ги платиш сите трошоци за разводот.
- Рацете да ти се исушат.
- Платата да ја добиваш во железни пари на семафор.
- На надгробната плоча да ти направат печатна грешка.
- Гаврани очите да ти ги испијат.
- Сонце да не те огрее.
Прочитајте и Свекрва ти да живее 150 години: Најсмешните македонски клетви!