Свекрва ти да живее 150 години: Најсмешните македонски клетви
На македонската креативност и нема крај. Посебно кога сме инспирирани од љубомората и зависта.
Доказ за тоа се некои од најсмешните, но и најискрени клетви кои сме ги слушнале на наше поднебје.
Од стари и добро познати, до модерни...
Еве неколку примери:
1. 99 дена на диета да си, 99 кила да качиш!
2. Аир да не видиш.
3. Акнал та пукнал.
4. Бел ден да не видиш.
5. Бившиот дечко без пудра да те види!
6. Брзата помош такси да ти биде.
7. Во исто време да те фати пролив и кивавица.
8. Да даде бог да ти се врзе јазикот, та збор да не зуцнеш, нем да оди довека.
9. Да даде Господ, да родиш дете без коски, цел живот како пача низ куќа да го собираш.
10. Да даде Господ, децата на мене да ти личат.
11. Да му умре козата на комшијата.
12. Да отидеш во некој хотел кај што WiFi-то не дофаќа до вецето!
13. Да се превртуваш во гробот.
14. Да ти се исушат рацете и нозете.
15. Да ти се удави детето во расолница.
16. Девет деца да имаш, едно да ти остане и тоа лијаво.
17. Девојка ти во Фотошоп да ти се средува!
18. Жена ти да роди стоногалка, па цел живот да работиш за чевли.
19. Колко прав на тапан, толко аир да видиш.
20. Милиони да имаш, и сите за даноци да ги дадеш!
21. Ноќе да те буди мојот лик.
22. Оваа недела млада невестица, до недела млада удовица, догодина моја вереница.
23. Петел в куќа да не ти запее.
24. Свекрва ти да живее 150 години.
25. Со лажичка од асфалт да те собираат.
26. Ти мене еднаш, тебе Бог сто пати, злото да му се врати.
27. Трактор да те исшлајфа.
28. Чума да те отепа.
29. Џебовите да ти се полни со пари, а да нема со што да ги извадиш.
30. Швалерката трудна да ти остане.