5 типови на „фаќачки“ на бидермаери по свадбите
Како што се верува, онаа, а во последно време и по некој оној, која ќе го фати бидермаерот на свадба е следна за на „лудиот камен“.
И додека на едни ова не им е ниту интересно, ниту пак имаат намера да се буткаат во гужвата, други се целосно сериозни во намерата токму тие да го „уловат“.
Постојат пет типови на „фаќачки“ на невестински букети, духовито опишани на следниов начин:
Дежурна
Иако дома веќе има завидна колекција фатени бидермаери, сепак е решена да го улови и тој на денешната свадба. Ќе се турка, ќе скока, ќе прелета, но ќе го фати и секако, на секоја социјална мрежа ќе објави фотка со него.
Притаена
Сосема лежерно ќе се пробие низ толпата девојки кои со кренати раце го чекаат букетот, ќе процени сè, од тоа со која рака и во каков лак ќе го фрли невестата и секако, ќе го фати. Исто и таа ќе објави фотографија на социјалните мрежи.
Сосема незаинтересирана
Ќе ја избуткаат пријателките или роднините во толпата, ќе стои настрана незаинтересирано и некако додека лета, букетот ќе скршне и ќе ѝ падне на глава или пред нозе.
Присилена на тој чекор
Ќе ја наговори или дечко ѝ или некој од роднините, таа ќе се согласи, ќе застане во толпата, нема да го фати бидермаерот и ќе продолжи да танцува, јаде и пие среќна што не треба да се фотографира со невестата и букетот во рака.
Вистински професионалец
Гостинка која е решена да го фати букетот по секоја цена, со целосно развиена тактика заедно со невестата. Најчесто доаѓа со момчето со кое е во врска веќе шест години, а со ова го потсетува дека и тие треба да размислат на следен чекор. Секако, ќе објави и таа фотка на Фејсбук и Инстаграм и за разлика од првите две, ќе го означи на фотографијата и момчето.
Е. Д. | Црнобело