Хумористичен приказ на 5-те фази низ кои минуваме кога сме настинати

Настинката е навистина здодевна работа и секој од нас гледа да ја избегне на најдобар можен начин, но понекогаш тоа е невозможно.

5-fazi-niz-koi-minuvame-koga-sme-nastinati-2.jpg

Колку и да се обидуваме, падот на имунитетот си го носи своето.

Па, без разлика дали со време ќе ја прифатиме вистината или не, настинката речиси секогаш нѐ фаќа неподготвени.

Секој има свој начин при борба и соочување со вирусите, но дефинитивно сите минуваме низ следниве неколку фази:

Чувствуваме дека доаѓа

Не е јасно како, но секој од нас го има она чудно чувство пред да се разболи. Така, без разлика дали ќе ги испиете сите можни чаеви и лекарства за превенција, по извесен период настинката секогаш „напаѓа“.

Тоа првобитно чувство никогаш не лаже, па откако нашето тело почнува да ги дава првите знаци за настинување, веќе е доцна навремено да изреагираме и да го спречиме она што допрва доаѓа.

5-fazi-niz-koi-minuvame-koga-sme-nastinati-3.jpg

Неверување и одбивање на вистината

Дури и тогаш кога сфаќаме дека сме сериозно „виросани“, првата фаза е одбивање. Секој мисли дека може да помине низ тој период стоечки, па продолжуваме да одиме на работа и нормално да ги извршуваме дневните обврски сѐ до оној момент додека нашето тело нѐ крахира.

Тоа е моментот на соочување и прифаќање на вистината.

5-fazi-niz-koi-minuvame-koga-sme-nastinati-4.jpg

Соочување со реалноста

Откако се соочувате со фактот дека не сте способни да мрднете од кревет, наредната фаза е соопштување на околината. И токму во тој момент кога ќе се јавите на работа за да кажете дека отворате боледување, почнува да ве „јаде“ грижа на совест. Вие сфативте дека не можете да функционирате, но прашањето е како да ви поверуваат другите.

„А што ако мислат дека лажам!“ – си велите и автоматски почнувате да се однесувате уште поболно од претходно. „Зарем јас сакам да седам дома и да се досадувам“ си велите... и тогаш го вклучувате телевизорот и инстантно сфаќате дека седењето дома не било толку лоша идеја.

5-fazi-niz-koi-minuvame-koga-sme-nastinati-5.jpg

„Умирање“ од досада

Да, навистина беше супер маратонското гледање на вашата омилена серија, но после два дене веќе не се издржува. Сѐ уште се чувствувате одвратно и преморено, но едноставно не можете да се помирите со фактот дека седењето дома е премногу здодевно.

Иронично нели, времето кое решивте да го искористите за да закрепнете и одморени да се вратите на работа некако стана постресно отколку одењето на работа.

5-fazi-niz-koi-minuvame-koga-sme-nastinati-6.jpg

Враќање на обврските, а веќе ни треба одмор

Помина една седмица, се чувствувате подобро и среќни сте дека конечно ќе се вратите на нормалниот живот - „во цивилизација“.

Стигнувате на работа и сфаќате дека иако ве немаше само неколку дена, вашите претпоставени се однесуваат како да е крај на свет, а работата се „натрупала“ до степен да не знаете од каде да почнете. Единственото нешто што секој од нас си го помислува во тој момент е: „Ми треба одмор!!!“

5-fazi-niz-koi-minuvame-koga-sme-nastinati-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Хит мемиња во кои ќе се пронајдат сите (и ќе ве насмеат до солзи)  „Кога ќе го прифатиш фактот дека нема да бидеш во фит форма летово, ниту к...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg