Трите правила на сопругот и брилијантниот одговор на неговата поубава половина
Новопечен сопруг решил да ѝ постави три кратки правила на својата сопруга, а на неговите правила и таа возвратила со прилично интересен одговор.
Еден ден сопругот решил да ѝ се обрати на својата сопруга и да и наведе три правила кои ќе важат во нивниот брак.
„Драга, сега сме во брачна заедница, па време е да позборуваме за правилата во ова семејство. Да не се расправаме непотребно, имам само три правила“ - изјавил сопругот.
„Прво правило: Секој четврток јас ќе играм фудбал со другарите. Дожд, снег, невреме, не е важно што е, јас одам на фудбал. Јасно?“ - продолжил.
„Јасно“ - одговорила неговата сопруга.
„Добро. Второ правило: Секој петок со пријателите одам во бар. Во ред?“ - го изјавил своето второ правило.
„Да, секако.“ - одговорила таа.
„И третото правило: Лошо време, земјотрес, роденден на твојата мајка - без разлика на тоа што се случува - јас секоја сабота одам на риболов. Дали е тоа јасно?“ - го изјавил и третото правило.
„Јасно“ - одговорила сопругата.
„Само тоа? Немаш нешто повеќе да кажеш? Можеби имаш некој приговор? Или можеби имаш свои правила?“ - се зачудил сопругот.
„Сè е во ред. Што се однесува до правила - имам само едно. Секоја вечер во 10 часот јас имам секс. Дали мојот сопруг е дома или не, мене ми е апсолутно сеедно, мене ми е време за секс.“
Н. Г. | Црнобело