Купи сопруг/сопруга

купи сопругаКупи сопруг:
Влегува жена во продавница за Нови Мажи, за да си купи маж.
На влезот на првиот кат, на знакот пишува:


Прв кат: Овие мажи имаат работа.

На вториот кат пишува:
Втор кат: Овие мажи имаат работа и сакаат деца.
На знакот на третиот кат пишува:
Трет кат: Овие мажи имаат работа, сакаат деца и навистина добро изгледаат.

Иако воодушевена од досегашната понуда, жената одлучува да продолжи.

Стига на четвртиот кат, каде на знакот пишува:
Четврти кат: Овие мажи имаат работа, сакаат деца, вонредно се згодни и помагаат околу домашните работи.

"Фала ти Боже. Блазе мене, веќе не можам да издржам!"

Сепак, таа продолжува на петтиот кат, каде на знакот пишува:
Петти кат: Овие мажи имаат работа, сакаат деца, вонредно се згодни, помагаат во домашните работи и имаат силна романтична страна.

Таа е примамена тука да застане, меѓутоа не може да се воздржи и продолжува на шестиот кат, каде на знакот пишува:
Шести кат: Вие сте посетител 31.412.124 на овој кат. На овој кат нема мажи.
Овој кат постои само за да се докаже дека жените е невозможно да се задоволат.

Благодариме што купувавте во продавницата за Мажи.

За да избегне префрлања за полови предрасуди, сопственикот карши постојната, отвора продавница за Нови Жени.

Првиот кат има жени кои сакаат секс.
Вториот кат има жени кои сакаат секс и имаат пари.

Третиот, четвртиот, петтиот и шестиот кат никогаш не се посетени.

Би можело да ве интересира:

Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...
„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
10 забавни мемиња кои докажуваат дека сите татковци се исти Вклучените светилки во празна соба значат финансиска пропаст за семејството... Б...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg