Виц: Мечката и зајакот
Дошла мечката кај зајакот и со очаен глас го запрашала:
- Зајко, ти се размножуваш постојано, а јас никако. Помогни му на пријателот.
Зајакот му оговорил:
- А јадеш ли моркови?
- Не.
- Еее медо!
Половина година подоцна мечката јаде моркови и...ништо не и помогнало. Повторно оди кај зајакот:
- Зајко, помогни ми немој да бидеш таков.
- А јадеш ли моркови?
- Да!
- Сечкани на коцки?
- Не.
- Ееее медо!
Следните шест месеци мечката јаде моркови сечкани на коцки...и ништо. Повторно оди кај зајакот и го моли за помош.
- А јадеш ли моркови?
- Да!
- Сечкани на коцки?
- Да!
- Со грашок?
- Не.
- Еее медо!
Мечката јаде половина година моркови сечкани на коцки со грашок и...ништо. Повторно доаѓа кај зајакот:
- Зајко, јас те бранам од волкот и лисицата, а ти вака ми се заблагодаруваш. Помогни ми, годините поминуваат, а јас немам деца...
- А јадеш ли моркови?
- Да!
- Секани на коцки?
- Да!
- Со грашок?
- Да!
- А се сексаш ли?
- Не.
- Еее медо!