Кој како си се снашол!
- Ало, добар ден... Дали е тоа г-ца Марковска?
- Да, повелете!
- Госпоѓице Марковска, јас сум вашиот референт за данок г-дин Николовски. Ве известувам дека даночната управа не ја прифати вашата пријава за изминатата година. Даночната управа забележа дека во пријавата имате наведено дека имате многу мали приливи, а плаќате личен секретар, живеете во луксузна куќа, годинава сте купиле нов Мерцедес, а постојано носите брендирана облека и златен накит. Исто така многу патувате, а на сметките имате многу пари...
- Аха... и што ми предложувате да направам?
- Ви советувам да ми испратите копија од вистинскиот извод на вашите главни приливи, која најверојатно претходно не сте ја испратиле, а јас ќе видам што можам да сторам понатаму.
- Во ред господине Николовски, веднаш ќе направам копија и ќе ви ја испратам...