Виц: Сестрата на малиот Ивица во неволја

Сестрата на малиот Ивица се омажила и се вселила во куќата на нејзините родители, заедно со сопругот.

vic-sestrata-na-maliot-ivica-vo-nevolja-01

Се симнува Ивица следното утро на појадок и прашува:

- Мамо, дали сестра ми и нејзиниот маж сè уште се во соба?

Мајка му кимнала со главата, а Ивица започнал:

- Мамо, јас мислам...

Мајка му го прекинала:

- Немаш ти што да мислиш, трк во училиште!

Се враќа Ивица од школо и прашува уште од вратата:

- Мамо, дали сестра ми и нејзиниот маж сè уште се во собата?

Мајката кимнува повторно, а Ивица се обидува да каже нешто:

- Јас мислам...

Мајка му го прекинува и го праќа во неговата соба.

Ивица се симнува по неколку часа на вечера и секако, прашува дали сестра му и мажот и се сè уште во собата. Мајка му луто му вика:

- Да, таму се, и да, знам дека мислиш нешто, па затоа конечно кажи го и да завршиме со тоа!

Ивица тивко и рекол:

- Мамо, јас само мислам дека се во неволја. Синоќа слушнав дека сестра ми му кажува на маж и да го донесе вазелинот од бањата. Вазелинот сè уште е на полицата, но го нема мојот супер лепак...

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg