Виц: Коинциденција

vic-koincidencija-povekjeНекој фармер кој одгледувал кокошки отишол во локалното кафуле, седнал покрај една жена и порачал чаша шампањ.

Жената се свртела и му рекла: „Како да го разберам ова? Штотуку и јас нарачав шампањ.“

- Каква коинциденција! – рекол фармерот. Ова е специјален ден за мене и јас морам да прославам.

- Ова е и за мене специјален ден. Јас исто така прославувам – рекла жената.

- Каква коинциденција! – рекол фармерот.

Се чукнале со чашите, па фармерот ја прашал: А, вие, што прославувате ако не е тајна?

- Маж ми и јас пробувавме да добиеме дете и денес гинекологот ми кажа дека сум трудна!

- Каква коинциденција! – рекол фармерот. Јас одгледувам живина и веќе со години кокошките ми се неплодни, но денес несат оплодени јајца!

- Па тоа е прекрасно! – рекла жената. Како станаа кокошките плодни?

- Го променив петелот – одговорил човекот

- Жената се насмеала и рекла: Каква коинциденција!

Би можело да ве интересира:

Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
10 српски твитови кои се доказ дека твитерџиите имаат уникатна смисла за хумор „Ве молам намалете ги цените на храната и бензинот, немам тело за на OnlyFans“ и...
Најсмешните мемиња за отворањето на Олимписките игри во Париз Шеги за стаорците во Париз, филмовите со дејство во Париз, но и историјата на Фр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg