Виц на денот: Дај по една тура!
Кафана празна, во неа само двајца пијаници. Едниот му приоѓа на другиот и му вика:
- Што има брате? Од кај си?
- Од Македонија!
- Е? Супер, и јас сум од Македонија. Да мавнеме по една за Македонија?
И пијат една тура заедно. Првиов пак прашува:
- А, од кај од Македонија?
- Од Прилеп!
- Ух, Прилеп?! Браво друже и јас сум од Прилеп! Дај да мавнеме уште по една тура за Прилеп!
Се напиле уште една тура кога првиов пак:
- А, во кое школо си учел средно?
- Па, матурирав тука одма кога ќе излезеш, лево.
- Леле, и јас! Дај уште по една чашка!
И така пијат уште две тури, кога во кафаната влегол некој стален гостин па го прашува келнерот:
- Па, што има денес?
Келнерот му одговара:
- Ништо друже, близнациве пак се камен пијани!