Чесен лопов vs. лопов
Во овие нови времиња имаме нова ситуација: и чесните луѓе мораат да крадат! Да видиме која е разликата меѓу чесните кои крадат и крадците. Чесниот човек...
...никогаш не би крадел, кога не би морал да краде.
Тој презира кражби и се гади од сопствените постапки.
Краде по потреба и во зависност од порастот на животните трошоци.
Никој не ги мрази лоповите како поштените луѓе кои крадат.
Може да краде со чиста совест, затоа што не е крадец.
Секогаш крадат од оправдани причини.
Чесниот кога краде не се крие, затоа што има стил и начин, а лоповот става чорапа на глава, скока од прозор и бега.
Чесен човек краде во својата фирма, а лоповите кај стигнат.
Чесен човек може да престане да краде, лопов не може.
Чесниот ги воспитува децата да не крадат, лоповот ги води со себе.
Чесните луѓе кои крадат, работат и нешто друго, а лоповите само крадат.
Ако нешто е украдено, пред да се започне истрага треба да се утврди: Дали тоа го украл чесен човек кој краде или вистински лопов.
Чесен човек што краде купува во продавница. Лоповот краде.