Најслатките одговори: Што мислат децата за бракот?
Децата се најмилите суштества на светот. Секогаш знаат да ве насмеат и израдуваат со своите секојдневни размислувања, игри и заклучоци.
Еве како дел од најмладите гледаат на бракот:
- Прво мораш да најдеш некој кој сака исти работи како ти. Ако на пример ти сакаш фудбал, тогаш и на неа мора да и се допаѓа тоа што ти сакаш фудбал и да ти носи чипс и пиво. (Марко, 10 години).
- Ти всушност не одлучуваш сам кога треба да стапиш во брак. Бог одлучил однапред и ти на крај само гледаш што ти се случило. (Ивана, 10 години).
- Најдобри години за брак се 23 затоа што тогаш го познаваш маж ти најмалку 10 години. (Сандра, 10 години).
- Не постојат најдобри години за брак, мораш да бидеш доволно глупав за да се ожениш. (Филип, 6 години).
- Што е заедничко за твоите родители?
- Пааа, двајцата не сакаат да имаат више деца. (Сара, 8 години)
Што се прави кога ќе излезеш со девојка/дечко?
- Излегувањата се направени да се забавуваат и да искористат прилика да се запознаат подобро. Дури и машките имаат да кажат нешто интересно ако ги слушаш доволно. (Јасна, 8 години).
- На првото излегување се кажуваат интересни лажги за да сакаат да излезат пак. (Милан, 8 години).
Што би правел кога твоето прво излегување би пoминало лошо?
- Јас би отишол дома и би се правел дека сум мртов. (Дарко, 9 години)
Кога смее да бакнеш некого?
- Кога е богат и има многу пари. (Јелена, 7 години)
- Кога ќе бакнеш некоја девојка и после мораш да се ожениш и да имаш деца со неа. Така оди! (Дејан, 8 години)
Дали е подобро да си оженет или не?
- Јас не знам што е подобро ама никогаш не би водел љубов со жена ми. Не сакам да стане дебела. (Мирко, 8 години).
- За девојчињата е подобро да не се мажат, ама на машките им треба некој што ќе чисти. (Марија, 9 години).
И на крај најдоброто:
Што треба да направите за бракот да биде успешен?
- Мажот треба секогаш да и кажува на жената дека е убава дури и ако изгледа како автобус! (Станко, 10 години).