Приказна за Г-дин Порше
По смртта, пронаоѓачот на познатите автомобили – Фердинанд Порше стигнал во рајот. Таму го дочекал Свети Петар со зборовите:
„Господине Порше, заради вашите заслуги во креирањето на познатиот автомобил како и придонесот во автомобилската индустрија, можете да посакате што сакате и јас ќе ви го исполнам истото“.
Порше малку се замислил па рекол: „Дозволете ми малку да поразговарам со Бога“. Свети Петар се согласил и го одвел во божјите простории.
Порше го запрашал Бога: „Драги Боже, да ве прашам нешто за вашата креација „жена“...со што сте биле зафатени додека сте ја создавале?!„
„Како тоа мислиш?“ – запрашал Бог.
Порше: „Знаете, вашата креација е полна со грешки. Погледнете ги моите забелешки:
- Предната страна не е аеродинамична
- Прави премногу бука
- Одржувањето е прескапо
- Пет до шест дена во месецот е потполно неупотреблива
- Задната страна и виси премногу
- Константно мора да се префарбува и доработува
- Предните лампи се премали
- Потрошувачката за гориво е преголема“
Бог се замислил на сето ова, па му рекол: „Господине Порше, можеби ова што го велите е вистина, но, статистички гледано, многу повеќе мажи го возат мојот изум од вашиот!“